Американскиот “дрим тим“ ќе се судри со Шпанија во финалето на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Лондон.

Дрим тимот ја совлада Аргентина со 109-83. Аргентина е последната репрезентација којa усепала да го совлада дрим тим составот и тоа во Атина 2004 година.

Шпанија за влез во финалето беше подобра од Русија со 67-59.

Мечот САД – Шпанија е реприза од финалето пред 4 години во Пекинг. Тогаш во извонредно интересен меч славеа “јенките“ со 118-107.