Штафетата на Јамајка го освои златото на на трката 4 по 100 метри постигнувајќи нов светски рекорд.


Јамајка во состав Неста Картер, Мајкл Фрејзер, Јохан Блејк и Усеин Болт истрча за 36, 84 секунди, втори беа САД со време на досегашниот рекорд 37,04, а трета заврши селекцијата на Канада.

За најбрзиот човек на планетата Болт, ова беше шесто злато на Олимписките игри. Три освои во Пекинг, три во Лондон.

Резултатот на штафетата на Јамајка е само трет светски рекорд поставен на Олимписките игри во Лондон, во кралицата на спортовите.

ohridnews