Кошаркарите на Русија и Шпаније ќе играат во полуфиналето од кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Лондон.

Русија во четвртфиналето ја совладаа Литванија со 83:74. Кириленко ја предводеше Русија со 19 поени, 13 скока и по три блокади, асистенции и украдени топки.

Актуелниот европски првак Шпанија во реприза од финалето од Евробаскетот во Литванија ја совладаа Франција со 66:59

Марк Гасол ја предводеше Шпанија со 14 поени и 8 скокови, додека Тони Паркер беше најефикасен на мечот со 15 поени, но лоша реализација (6-20).