Репрезентацијата на Шведска го приреди најголемото изненадување на ракометниот турнир на ОИ во Лондон откако во 1/4 финалето го совлада европскиот првак Данска со 24-22. Овој натпревар го судеше македонската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николовски.

Друштво на “викинзите“ ќе им прават Хрватска, Франција и Унгарија.

Резултати:

Унгарија – Исланд 34-33

Франција – Шпанија 23-22

Хрватска – Тунис 25-23

Шведска – Данска 24-22

Полуфиналните двојки ги сочинуваат Хрватска – Франција односно Шведска – Унгарија.

Мх.П.