Руската кошаркарска репрезентација во драматичен финиш забележа спектакуларна победа над европскиот првак Шпанија со 76-73.

“Црвената фурија“ по три победи во низа налета на разиграните руси кои не се поколебаа кога имаа негатива од 18 поени и прокнижија нови два бода во групата Б.

Со 24 поени најпрецизен во рускиот состав беше Фриџон, 14 постигна Панкрашов додека по 12 уфрлија Мозгов и Крајапа. Првата виолина на “црвената фурија“ Пол Гасол постигна 20 поени но го понесе епитетот трагичар откако промаши едно од двете слободни фрлања во последните моменти од мечот.

Во четвртото последно коло Русија ќе се сретне со Австралија додека Шпанија утеха ќе бара против домаќинот на Олимписките игри, Велика Британија.

Мх.П.