Американскиот дрим тим не дозволи нова “бламажа“ и убедливо со 126-97 ја совлада Аргентина на последниот меч од натпреварите по групи.


По бледото издание на мечот со Литванија, американците им допуштија само 20 минути на “гаучосите“, (60-59) по што следуваше газење. Кевин Дурант постигна 28 поени со удар 8/10 за три.

По комплетирањето на мечевите по групи познати се четвртфиналните двојки.

САД – Австралија
Франција – Шпанија
Бразил – Аргентина
Русија – Литванија