Општинската изборна комисија Охрид со известување до жителите за промена на некои места кај што ќе може да го остварат своето избирачко право.

Жителите на улица „Александар Турунџиев“ со куќен број од 001 до крај се префрлени во ИМ 1285 ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“,

жителите од улица „АСНОМ“ непарни броеви на куќен број од 001 до 0081 се префрлени во ИМ 1270 – Музичко училиште „Методиј Патчев“, и

жителите од улица „АСНОМ“ непарни броеви на куќен број од 0081 до крај се префрлени во ИМ 1273 – Музичко училиште „Методиј Патчев“, посочуваат од ОИК Охрид.

OhridNews