Основното јавно обвинителство – Скопје нареди истрага за директорот на неврохирургија, Александар Чапаровски за примање поткуп.

„Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, осомничено за сторено кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 од Кривичниот законик.

Лицето е осомничено дека поткупот го примило, извршувајќи ја дејноста лекар. Ценејќи дека се исполнети законските услови, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка притвор за лицето во траење од 30 дена.“ –  соопшти обвинителството.

При претрес во работната канцеларија и домот на осомничениот пронајдена била поголема сума на пари, меѓу кои и обележани банкноти кои тој наводно ги побарал како поткуп од родител на 14 годишно дете.

OhridNews