ОК на ВМРО-ДПМНЕ смета дека дигнитетот на Советот е пред се и најмногу е нарушен поради однесувањето и самата организација на седниците.
Меѓу другото, како причини за нарушување ги наведуваат : злоупотребата и манипулација на говорницата и на седниците во целина од страна на Градоначалникот на Охрид, јазикот на ароганција и недоличното гестикулативно исмејување на политичките опоненти од страна на координаторот на советничката група на Социјал – демократскиот сојуз, непочитување на Деловникот за работа на Советот и тотален колапс во водењето на седниците од страна на Претседателот на Советот на општината, случаите на пазарења во коалиционото мнозинство околу гласањата на точки од урбанистичката сфера.
Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ поради ова предлага да организира меѓупартиска средба на ниво на Претседатели на општинскиот ограноци на политичките партии застапени во Советот, во присуство на координаторите на советничките групи и Претседателот на Советот. Главната тема би била враќање на дигнитетот на Советот, договор за почитување на Деловникот и отпочнување на процедура за изготвување и усвојување на нов Деловник за работа на Советот на Општина Охрид.