Вчерашниот пресс на СДСМ -Охрид имаше само една јасна причина, да го девалвира законот и институциите во Охрид и Република Македонија, што е препознатливт стил на политичко размислување на оваа партија, а се со цел да го покријат своето незаконско работење секаде онаму каде што има индиции за тоа. Ова меѓу другото беше истакнато на прес конференцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ, што се одржа денеска.

-Тоа е класичен пример за одбегнување на законски процедури, со цел претседателот на Училишниот одбор, да го исфорсира доскорашниот претседател на Комисијата за јавни набавки, за директор на Гимназита на “Св.Климент Охридски”, рече Влатко Враговски, претставник на општинскиот изборен штаб на ВМРО ДПМНЕ.

Прашањето кое ние го поставуваме до СДСМ и нивните фаворити е: 
-дали ова нема поврзаност со сомнителните јавни набавки на Гимназијта Св.Климент Охридски?
– или пак со цените за ланската училишна екскурзија, повисоки за дури 6000 евра во споредба со годинешната или
– со сомнителните набавки на ученички униформи, во која учествуваа фискултурното трио од Гимназијата, составено од поранешниот Директор на Гимназијата, Преседателот на Училишниот одбор и Претседателот на Комисијата за јавни набавки-сегашен нивен фаворит за Директор ?- запраша Враговски.

Тој истакна дека  СДСМ неможе да зборува за вршење тортури и притисоци врз вработените во образовните институции од страна на Градоначалникот Бакрачески, бидејќи лицата кои денес продавале принципи, само до пред 7 месеци го газеле достоинството на вработените и учениците, со сила и закани носејќи ги на секојдневни партиски митинзи.

-ВМРО-ДПМНЕ и Градоначалникот Бакрачески имаат обврска да го спроведуваат законот и да ги почитуваат одлуките на институциите. И тоа ќе се спроведе бескомпромисно. За нас е разбирливо тоа што луѓето кои го направија најголемиот финасиски и материјален масакр во историјата на Охрид, сакаат да се амнестираат за своите злодела врз иднината на општината. Тоа граѓаните не го забораваат, а сметката која им беше испорачана на последните избори, гледаме дека небила доволна поука. Затоа тие се онаму каде што се наоѓаат, во темните сеќавања на охриѓани. – рече Враговски.

OhridNews