Заслужува ли Охрид, град под заштита на УНЕСКО, да има руинирано пристаниште, кое од ден на ден сè повеќе и повеќе се распаѓа пред очите на охриѓани, но и пред очите на туристите? – праша Лидија Петкоска, член на Советот на Општина Охрид од редовите на ВМРО ДПМНЕ, на прес конференција одржана денеска.

Таа упати прашањa до градоначалникот Јован Стојаноски и пратениците Томислав Тунтев и Жаклина Лазаревска, каде е ветената реорганизација на Капетанијата на пристаништата, со обезбедување на опрема и кадар, каде се хидроавионите за посебни намени, модерен туризам и паметен урбан развој, зошто Охридското Езеро нема концесионер, за водостојот на езерото, Студенчишкото блато…

Крајно време е да ги затегнете надлежните институции и конечно да почнете да мислите за иднината на овој град. Фреквенцијата на пловилата се зголемува и местото станува тесно, а со доаѓањето на зимата уште повеќе ќе се оштети. ВМРО-ДПМНЕ апелира да се изнајде начин за итно решавање на ова прашање, кое не смее да биде оставено на забот на времето. – рече Петкоска.

OhridNews