Една година Охрид без капитални проекти, ниту една инвестиција, застој во инфраструктурата, пад на економскиот развој, нема реформи во образованието, без модерен туризам, здравството тоне, обвини денеска на прес конференција претседателот на ОК ВМРП ДПМНЕ Охрид, Сашо Донев.
Што се случи со ветените проекти предвидени за 2018 година и реализација на поединечните проекти за секоја населба кои не се ниту започнати со подготовка? Тоа значи на сметка на проектите и решавање на секојдневните проблеми на граѓаните, свесно се дозволи средствата за таа намена да бидат извршени од доверителите без претходно потпишани договори. Нема решавање на проблемите со парите на граѓаните, туку само враќање камати и долгови. Јавните претпријатија наместо високодоходовни претпријатија постануваат загубари. Нема никаква трага од изградба на катни гаражи, нова Болница, Дом за пензионери, затворен базен, ниту изградба на обиколница Мауцкер-Косел, изградба на експресен пат Охрид-Свети Наум. – рече Донев.
ВМРО-ДПМНЕ ќе го следи, фали и критикува работењето на градоначалникот Стојаноски. ВМРО-ДПМНЕ знаејќи ги проблемите со кои се соочува Охрид, во интерес на граѓаните ќе поднесе предлог-амандмани во однос на програмата за наредната година, додаде Донев.
OhridNews












