Оваа локална власт нема никакви вложувања во модернизација на спортските објекти и подобри услови за развој на спортот во Охрид. Од изградбата на четирите спортски сали и подобрување на опремата и хигиенските услови во постоечките спортски сали нема ни трага ни глас, изјави денеска на прес конференција Коста Трифуноски од ОК ВМРО ДПМНЕ.

До каде е модернизацијата на спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“ како спортски комплекс вклучувајќи сали, базени, балон сала?

Не многу одамна зад превезот на референдумот и Европска Македонија со гласањето за промена на името беше ветувана уште една трибина на фудбалскиот стадион. Помина 30 септември, трибина сѐ уште нема. Наближува крајот на 2018 година, за кога се вети ставање во функција на модерниот базен, најкапиталниот спортски објект на ВМРО-ДПМНЕ, но ништо и од тоа ветување за Охрид.

Стојаноски ветуваше развој на спортскиот туризам, но како ќе се развиваат спортовите и спортскиот туризам кога не се ивестира. Каде се ветуваните ваучери за спортот за да ги поддржувате спортистите?

Коста Трифуноски од ОК ВМРО ДПМНЕ

Трифуноски додаде дека нема никакво подобрување на условите за спортување, натпреварување и рекреирање на сите граѓани, а не се создаваат и современи спортски капацитети за подобар развој на спортот.

OhridNews