На обраќањето на градоначалникот Александар Петрески по повод патрониот празник на градот – Св. Климент Охридски, со соопштение реагираше Општинскиот комитет на  ВМРО ДПМНЕ од Охрид. Оваа партија смета дека прзничното обраќање на градскиот татко е неприкладно. Во соопштението меѓу другото се вели:

„Имено, во обраќањето по повод светиот ни ден Свети Климентов, човекот се дрзна да се обраќа кон нашите сограѓани со зборови за наводни само ним видливи големи успеси (а не успеваат упорно да набројат ништо повеќе од тротоари и асфалт) и некакви си само ним видливи блокади и тесни интереси. Со тоа го сведе говорот на дневнополитички чин, несразмерен за ваков Светол ден со што и со самото тоа и го осквернави. До кога ли овој човек мисли да го бламира и Охрид и да му го руши достоинството? Веројатно до март а потоа време е засекогаш да го тргнеме ова срамно петно надвиснато на градот.

И уште ќе простувал?!!  Навистина мислевме го достигнал дното пред неколку дена со изјавите за Охрид и Париз, но тој го злоупотреби и празникот без ни малку срам. Тоа што не знаеше ни да го прочита обраќањето е друга приказна. Поради неговата недоветност  досега му простувавме, но поради злоупотребата и на најсветото никогаш повеќе. Охриѓани нема да му простат што Охрид во четири години го искористи само за своја добробит и го понижи до крај. Денот не прилега да коментираме повеќе, друг пат ќе укажеме на уште негови срамни чинови“, стои во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид.