Од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид обвинуваат дека градоначалникот Георгиески постапува селективно при отстранување на дивоградбите.

Георгиески ја поддржува урбаната мафија, покажа дека нема сила, дека се плаши како што самиот кажа да се справи со дивоградбите и сè сведе на обичен популизам и евтин пиар отстранувајќи неколку шанкови и дел од платформите во Охридското Езеро. Таму каде што се во прашање милиони евра, дивоградби претворени во станбени згради, спратови на згради и куќи, таму не смее ни да помисли да реагира, истакна денес на прес конференција портпаролот на ОК ВМРО-ДПМНЕ, Перчо Божиновски.

Божиновски додаде дека во Охрид се случува деградација на природата, загадување на езерото, хаос со плажите и со  урбаната опрема, a  депонијата Буково е се уште во чад 

Георгиески да собере храброст, да се одважи и да започне со отстранување на дивоградбите, да ги усогласи деталните урбанистички планови со Планот за управување со УНЕСКО, да го ажурира инвентарот на бесправни објекти и да го објави јавно, истакна Перчо Божиновски од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

                                Кристина. А