Исфарбаните пешачки премини одма избришани, градот е несреден и нечист повеќе од било кога, велат од ОК Вмро Дпмне Охрид.
Откако пешачките премини беа исфарбани за само десетина дена се избришани, скоро и да не се препознаваат. Георгиески да одговори зошто пешачките премини ги фарбаат фирми од Гостивар, а не јавните претпријатија од Охрид? Колку народни пари потроши Георгиески за белата боја да ја нема? Дали имаше надзор во работата? Кој и зошто не води сметка за извршените работи и квалитетот во изведувањето?
На ваков начин не се подобрува безбедноста ниту на пешаците, ниту на останатите учесници во сообраќајот, се вели во партиската реакција.
OhridNews












