ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, утре (недела) на пладне, организира протест на Градскиот Плоштад, против притворањето на пратениците од Охрид и други лица за собраниските инциденти од 27-ми април.
Предвидено е на протестот да има обраќање на претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид Кирил Пецаков и на дел од присутните.
„Во 21 век имаме брутален политички прогон. Македонија е единственото место во светот каде патриотите треба да одговараат за измислено дело тероризам. ВМРО-ДПМНЕ Ок Охрид Ве повикува сите да излеземе и да дадеме поддршка за патриотите, да искажеме револт кон политичкиот прогон на власта, да ги осудиме реваншизмот, прогонот и неправдата и да не дозволиме тоа да продолжи.“ – стои во повикот за утрешниот протест.
OhridNews












