ОД ОК ВМРО- ДПМНЕ Охрид бараат надлежните да реагираат со преземање на законски мерки и санкции во однос на проблемот со депонијата Буково. Како што велат од опозицијата, од Државниот Инспекторат за животна средина Охрид била изречена казна за Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ и бараат негово разрешување.

Ако Георгиески постојано го следи функционирањето на депонијата тогаш уште што треба да направат институциите за тој да го разреши Грданоски? Бараме веднаш да се изгасне опожарениот дел на депонијата со прекривање на земја и други мерки за гасење, а надлежните уште построго да реагираат преземајќи ги сите законски санкции и мерки, велат од ОК ВМРО- ДПМНЕ Охрид.

Во соопштението се додава дека депонијата претставува опасност по здравјето на граѓаните и бараат реакција од локалната самоуправа.

OhridNews