Очигледна е нервозата којашто владее кај СДСМ по катастрофалниот пораз и бидејќи гледаат како се реализираат проекти, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид по реакцијата од ОО СДСМ Охрид дека проектот за улицата „Македонски просветители“ е најавен уште во 2020 година.
Нема никакво оправдување за деструктивното однесување на СДСМ во однос на проектите. Затоа очекувавме благодарност за изминатите проекти коишто им беа оставени во целосна реализација, а за истите сечеа ленти: Затворениот градски пазар, Автобуската станица, многуте пешачки патеки, плоштадот кај Табана, но и крилото од Библиотеката и новиот дел во болницата „Св. Еразмо“ кои за жал сѐ уште не се отворени и уште многу други проекти, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.
Новата Локална Самоуправа ќе ги докомплетира сите потребни документи за реализација на проектите од претходната локална власт коишто не ги реализира, а имаше време цел мандат. Како одговорна локална Власт имаме обврска да го реализираме тоа коешто сме го ветиле пред граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
OhridNews












