Предложениот ребаланс на буџетот на 62 седница на советот на општината не е во функција на потребите на граѓаните, туку на потребите на изборите кои следат, истакна денес портпаролот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Перчо Божиновски.

Зголемените приходи кои се предвидуваат треба да се резултат на зголемени даночни приходи, продажба на неизградено земјиште во сопственост на Република Македонија и зголемени приходи од глоби. Не се резултат накапитални трансфери од други нивоа на власт, напротив, тие се намалени од 65 милиони денари на 20 милиони денари.За што ќе ги искористи Георгиески дополнителните средства за спорт и невладини организации? Од една страна огромни милионски суми, а од друга страна за поддршка на локален економски развој развој 800 илјади денари се намалуваат на 500 илјади денари, истакна Божиновски.

Од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид велат дека не се обезбедуваат пари за стопанството, за угостителско-туристичкиот сектор, за занаетчиите, ниту  за помош на невработените.

 

 

OhridNews