На прес-конференцијата од претседателот на ОО СДСМ Науме Јованоски, на која беше истакнато дека во изминатите 100 дена немало ниту траг од ветените проекти од страна на новата локална власт, преку соопштение реагираа од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид. Од партијата велат дека наместо прес-конференција, очекувале оставка од Јованоски.

Со ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Д-р Кирил Пецаков промените во Охрид се видливи. Започнаа многу подобри денови во раководењето со Охрид преку проекти што носат светлаа иднина за сите охриѓани. Само за раководството на СДСМ за жал тие не се видливи, па држи смешни прес- конфереции за 100 дена. Наместо тоа очекувавме Науме Јованоски да си поднесе оставка, но за жал не смогна сили и покрај нивното криминално и неспособно владеење во изминатите четири години, како и катастрофалниот пораз на локалните избори, стои во соопштението од ОК ВМРО-ДПМНЕ. 

Од таму додаваат дека набројувањето на проектите од предизборната програма на Пецаков е апсурдно и истите ќе бидат реализирани за време на целиот мандат. Велат, Локалната власт предводена од Пецаков направила повеќе за 100 дена отколку СДСМ за четири години, и тоа многу повеќе во услови на потрошен буџет, без никакви проекти и многу оставени долгови. Како што велат само за потребите на основните и средните училишта  за месец декември биле префрлени над 11 милиони денари, а за првпат се доделуваат стипендии за ученици, студенти, магистранти и докторанти со ретки болести и посебни потреби. Обезбедена е финансиска поддршка за Дневниот центар за лица со посебни потреби „Зраци“. Забрзан е процесот за изградба на нова училишна зграда на ООУ „Братство Единство“.

За првпат се доделува признание на најдобрите спортисти во Охрид со цел поддршка на спортските таленти, спортските клубови, спортски настани и за развој на спортските школи. Обезбедено е финансирање на спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации и спортисти. Се работи на промоција на културата преку издавање книги и заштита на културно-историското наследство и статусот на Охрид во УНЕСКО. Променета е водоводната и канализационата мрежа во ООУ „Братство Единство“- Лескајца. Поставена е нова фекална канализација на улиците „Будва“ и „Винковачка“, како и нова водоводна линија на улицата „Бранко Шотра“. Реконструирана е десната страна од тротоарот на улицата „Марко Цепенков“. Саниран е оштетениот асфалт на улицата „Момчило Јорданоски“ со нов метод. Изградено е и уредено коритото на реката „Сушица“,а во Елшани исчистено е коритото од суводолицата. Поставени се фотоволтаични панели за потребите на чуварската служба на депонијата „Буково“. Расчистени се дивите депонии кај „Бејбунар“, Рамне, Далјан, Лагадин, Трпејца, Елшани, Долно Лакочереј како и на повеќе локации во градот. Доделена е награда од 10% на плата за сите вработени во јавните претпријатија кои беа ангажирани во расчистувањето на снегот. Субвенционирани се трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици. Започната е постапка за брзо решавање на предметите за легализација. Службените возила повеќе не се користат надвор од работното време. Склучен е договор за проектот „OHRID GO“, со цел набавување 60 смарт велосипеди, формирање на Старт-ап центар, Адреналински парк и „Pump Up“ патека. Започнување на изградба на булеварот „Македонски просветители“, истакнуваат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид 

Од партијата упатија и потсетување кон СДСМ дека ќе бидат реализирани сите градежни активности кои случајно или не се пропуштени во проектната документација која Општината ќе ја чинат околу 30 милиони денари.

Единствено сте способни за враќање на вашите долгови со пари на граѓаните и исплаќање на високи камати преку договарање во четири очи. Науме уште еднаш да се преброи 100 дена изминуваат.  СДСМ Охрид е во паника и страв поради обелоденување на криминалот од претходните четири години и во делот на апликација на проекти и реализација на програмата на градоначалникот Пецаков, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид. 

Новата Локална самоуправа воведе брзо темпо на работа, а службите и јавните претпријатија ја следат во чекор докажувајќи дека Охрид заслужува вистински да биде на пиедестал, стои во реакцијата од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

OhridNews