Светиклиментовите зборови се потребни и денес, за да ја пребродиме бурата во која се наоѓаме, порача  ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид во честитката по повод големиот празник Свети Климент Охридски.

Свети Климент Охридски е закрилник на македонскиот народ и патрон на градот Охрид. Наш рамноапостолен заштитник и просветител кој не им давал сон на своите очи, ниту дремка на своите веѓи. Неговата апостолска дејност како културно богатство е духовна крепост и патоказ кон иднина како европски цивилизациски симбол.

Светиклиментовото слово зрачи и чудотвори, описменува и облагородува. Светиклиментовите зборови се потребни и денес, толку се живи, како да се упатени кон современиот Македонец. Следејќи го патот на Свети Климент со труд, смирение и искрена посветеност да ги пребродиме бурите на историјата и да бидеме одговорни пред Македонија.  – се вели во празничната честитка на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

OhridNews