Со ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Д-р Кирил Пецаков нема место во Охрид каде што не се работи на нов проект, а во голем дел се и завршени. Во Охрид секојдневно се работи и се решаваат проблемите на граѓаните, нешто што народот не можеше да го види претходно кога СДСМ само ветуваше и ништо не сработи. Ова, меѓу другото, се истакнува во реакцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид, на обвинувањата изнесени вчера од портпаролот на ОО СДСМ Охрид, дека шесте месеци од власта на градоначалникот Кирил Пецаков минуват во исчекување на ветените проекти.

ВМРО ДПМНЕ тврди дека за разлика од СДСМ кој, како што велат, имаше 4 години да ги реализира проектите кои сега ги спомнува, сега во Охрид се гради и работи насекаде.

  • Завршен е тендерот за реконструкција на СОСУ „Св. Кирил и Методиј” и за ОСУ „Св. Климент Охридски” изработени се проекти за внатрешно и надворешно уредување. За првпат се доделија стипендии за ученици, студенти, магистранти и докторанти со ретки болести и посебни потреби.
  • Завршен е проектот за замена на водоводна и канализациона мрежа во ООУ „Братство Единство” во населба Лескајца.
  • Поставена нова фекална канализација на улиците „Будва“ и „Винковачка“, како и нова водоводна линија на улицата „Бранко Шотра“. Во Лескоец се работи на изведба на фекална канализација.
  • Продолжува проектирањето и реализацијата на канализациони и водоводни мрежи. Реконструкција и саниран оштетениот асфалт на улицата „Момчило Јорданоски“ со нов метод.
  • Завршува реконструкцијата на трите краци на улицата ,,Даме Груев”.
    На улицата „Климентов универзитет” и во црквата ,,Св. Богородица Перивлепта” се прередија коцките и се реконструираа потпорните ѕидови.
  • Се реконструира долгогодишното запоставено северно фудбалско игралиште во Билјанини извори.
  • Поставени фотоволтаични панели за потребите на чуварската служба на депонијата „Буково”. – се наведува во реакцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Ова се само мал дел од промените коишто се случуваат, посочуваат од ВМРО ДПМНЕ, додавајќи дека за 6 месеци се направило многу повеќе отколку за 4 години кога СДСМ не направил ништо.

Да, единствено беа успешни во криминалното враќање стари долгови и делење камати, во дивоградбите и како синоним за урбана мафија ги уништија плажите и Охрид да е со загрозен статус во УНЕСКО. Разликата во работа меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е очигледна и охриѓани ја гледаат. – се вели во соопштението, во кое ОО СДСМ се критикува дека се плажи од средби со медиуми и наместо пресконференции до јавноста испраќа нарачани соопштенија.

OhridNews

Крлев: Од Пецаковoтo „Има да биде…има да направиме…има да сториме“ остана само ветувањe!