Фудбалерите на Ајнтрахт од Франкфурт, на две кола до крајот на сезоната во втората Бундеслига, изборија пласман во елитата. Ајнтрахт во последниот натпревар од 32. коло, во Ахен, ја совлада Алеманија со 3:0 и го потврди второто место на табелата.

Стандарден член на Ајнтрахт е Македонецот Ока Николов, 37-годишниот голман сезоната го бранеше голот на екипата на 29 натпревари.

Ајнтрахт му се приклучи на Гројтер Фирт, кој исто така обезбеди пласман во Бундеслигата, двата тима на табелата имаат по 68 бодови, осум повеќе од третопласираната Фортуна од Дизелдорф, која се бори за пласман во баражот.

“макфакс“
Ohridnews