Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, направи дабл-дабл и му помогна на својот тим да обезбеди победа од 103:100 над Лос Анџелес клиперс на натпреварот одигран рано утрово на гостински терен.

Јокиќ го одигра шестиот меч со 20+20, што му овозможи да го помине Маркус Камби и да стане рекордер на Денвер во оваа статистичка категорија.
Денвер со биланс 16 победи и 16 порази се наоѓа на 6.место на табелата во Западната конференција од НБА-лигата.
OhridNews










