Околу 20 лекарски интервенции имала охридската Брза Помош во текот на новогодишната ноќ.
Според податоците кои ги добивме утрово, дежурните медицински екипи интервенирале кај 5 пациенти со телесни повреди, кои се упатени на Хирушкото одделение во Општата Болница во Охрид. Поголемиот дел од останатите интервенции биле најчесто кај млади лица поради зголемена количина на алкохол во крвта како и поради покачена телесна температура и настинки.
Од Интерното одделение при Општата болница во Охрид не информираа дека најмаладиот пациент кој бил примен во алкохолизирана состојба е малолетна девојка на возраст од 17 години. Останатите 5 пациенти со зголемена количина на алкохол во крвта, кои добиле медицинска грижа на ова одделение исто така биле млади на возраст од 20 до 29 години.
Дежурниот тим од Одделението за хирургија при охридската Општа болница не информираше дека 5-те пациентите кои биле примени со телесни повреди, во текот на новогодишната ноќ, се пуштени на домашно лекување. За детали околу инцидентите, во кои овие лица се здобиле со повредите, не упатија до Секторот за внатрешни работи во Охрид.
OhridNews