
Според написите во албанските медиуми, Албанското јавно обвинителство на средбата со македонските експерти побарало Македонија да достави соодветна документација за иконите кои се украдени од црквите, со цел да се докаже дали пронајдените икони навистина потекнуваат од Македонија.
Од Националните установи ,,Завод и музеј” од Охрид и Музејот „Д-р Никола Незлобински“ во Струга велат дека суште немаат добиено официјална инфомација за овој случај.
Изминатите неколку години црквите во Дебарско-кичевската епархија често беа мета на крадци, при што неповратно беа изгубени многу дела од македoнската иконографија.
OhridNews











