Во организација на Македонија 2025 денеска и утре во Скопје ќе се одржи Македонскиот економски самит 2015.
Најавено е учество на 250 извршни директори, менаџери, инвеститори и петприемачи, како и на повеќе од 35 говорници кои ќе дискутираат за технологијата, бизнисот и лидерството.
На отворањето ќе се обратат претседавачот на Самитот Зоран Мартиновски и претседавачот на Одборот на директорот на Македонија 2025 Роберт Арсов.
Почесен говорник ќе биде Томи Ахонен од Финска кого Форбс го назначи за најдобар светски експерт за дигитални технологии.
OhridNews