Околу 35.000 садници од видот Виола или „очиња“ ќе ги красат охридските јавни површини во текот на есенските и зимските месеци.
Од ЈП „Охридски Комуналец“ информираат дека деновиве е започнато уредувањето на зелените површини во градот со засадување на овој цветен материјал.
-Благодарение на издржливоста на пониски температури овој вид на цвеќе ќе ги освежи парковите во престојниот период, а со засадување ќе бидат опфатени: градскиот парк, плоштадот, кружните сообраќајници, новиот мини-плоштад кај музичкото училиште, новата патека после каналот Студенчишта и други локаци, информираат од претпријатието.
Во текот на претходнито период на наколку локации во градот беа засадени цветни садници од видот хризантема кои се карактеристични во доцниот есенски период.
OhridNews