Околу 1000 капачи се очекува да запливaат во студените води по чесниот крст што традиционално на празникот Водици се фрла во осветеното Охридско Езеро.


Меѓу нив ќе бидат и еден Англичанец, новинар на Би -Би-Си, Украинец и еден државјанин на Република Чешка. Заедно со момчињата ќе се капат и осумдесетина девојки.


Надворешната температура утрово е неколку степени под нулата, а температурата на водата е околу 6 степени Целзиусови.


По чинот на осветување на езерските води, и фрлањето на крстот, во месноста Сараиште ќе се одржи групно крштевање.

OhridNews