Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ приреди нов подвиг во „белиот спорт“, триумфирајќи на францускиот грен слем турнир Ролан Гарос и покрај негативата од 2-0 во финалниот натпревар. Ѓоковиќ го совлада Гркот Стефанос Циципас, кој повеќе од одлично му парираше на српскиот тенисер.

После завршувањето на финалната пресметка Ѓоковиќ на непознато дете му го подари рекетот со кој по втор пат ја освои титулата во Франција.

Ме подржуваше и кога губев со 0-2. Дури и ми даваше совети во текот на мечот, како тренер. Тој беше најдобриот избор, сакав нему да му го дам рекетот, ме поддржуваше во текот на целиот меч, – изјави Ѓоковиќ.

Србинот додаде дека годинешната титула од Ролан Гарос му е во топ 3 моменти во кариерата. За потсетување, рекетот број еден во полуфиналето го совлада Рафаел Надал, кој е некрунисан цар на терените со земјина подлога.

Се што направивме како екипа во последниве 48 часови е вистина неверојатно. Дел сум од историјата на спортот кој го сакам, затоа моментално нема посреќен од мене, – додаде Ѓоковиќ.

Со најновата титула од Ролан Гарос, Ѓоковиќ стигна до 19-от трофеј од грен слем турнирите и се доближа само на една титула од водечките на вечната листа, Рожер Федерер и Рафаел Надал.

OhridNews