Со својата илјадита победа, совладувајќи го Норвежанецот Каспер Руд со 6:3, 6:4, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, се пласираше во финалето од Мастерсот во Рим.
Досега, бројката од 1000 победи во својата професионална кариера ја достигнале само четворица тенисери и тоа Џими Конорс (1274), Роџер Федерер (1251), Иван Лендл (1068) и Рафаел Надал (1051).

Настапот на завршниот меч на турнирот во Рим, ќе биде второ финале за Ѓоковиќ во 2022 година, по она во Белград пред три недели. Последно, Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос во 2021 година.
Швонтејк и Џабер во женското финале на Мастерсот во Рим
Првата тенисерка во светот, Ига Швјонтек и седмата Унс Џабер се финалистките на Италијанскиот Опен од Мастерсот во Рим.
Швонтејќ се пласираше во финалето славејќи над Арина Сабаленка, додека, Џабер беше подобра од Дарија Касаткина.
OhridNews










