Кошаркарите Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо втора година по ред ќе бидат капитени и ќе ги одбираат играчите за натпреварот кој ќе го заокружи Ол стар викендот во НБА лигата. Оваа година, домаќин на сите ѕвезди е градот Чикаго.

Друштво на Џејмс во стартната постава на западната конференција ќе му прават Лука Дончиќ кој ќе дебитира на големата сцена, Џејмс Харден, Ентони Дејвис и Кавај Ленар. На источната конференција покрај Адетокумбо во составот се наоѓаат Кемба Вокер, Тре Јанг, Паскал Сиакал и Џоел Ембид.

Наредната недела, НБА лигата ќе ги објави имињата на преостанатите 14 кошкари учесници на Ол старт викендот од кои Џејмс и Адетокумбо ќе ги одбираат резервите. Играч од западната конференција може да игра за тимот на Адетокумбо и обратно.

Ол старот ќе се одржи од 14 до 16 февруари.

OhridNews