Осигурените лица за кои нема можност за подобрување на здравствената состојба, осигурениците по ампутации, параплегии, парализа на долни екстремитети и церебрална парализа, според новите измени на Правилникот за индикациите за остварување на право на ортопедски и други помагала, своето право ќе го остваруваат полесно, бидејќи потврдата за ортопедското помагало ќе ја заверуваат само еднаш, информираат од Фондот за здравствено осигурување.

Телесните инвалиди кај кои нема можност за подобрување на здравствената состојба, ортопедските и други помагала,  ќе ги добиваат само со една посета во Лекарската комисија на Фондот за здравство.

Измената на Правилникот е направена согласно барањето и соработката на Фондот со Здружението за телесно инвалидизираните лица.

OhridNews