Новата услугата е воведена со цел да се намалат времето и трошоците за плаќање на радиодифузната такса, со оглед на тоа дека плаќањето ќе може да се изврши во секое време од денот и било кога во текот на седмицата.
При плаќањето ќе треба да се приложи решението за радиодифузна такса, а вработеното лице ќе ја изврши трансакцијата и ќе му издаде фискална сметка на граѓанинот, при што од страна на вработениот ќе биде ставен и печат врз решението, како доказ дека е извршено плаќањето.