Нов филтер ќе биде вграден во отворениот базен со олимписки димензии на спортскиот центар во Охрид.
За таа цел Локалната самоуправа распиша тендер за набавка и монтажа на филтерна опрема за базен со димензии 50х21х2м.
Понудите, како што е наведено во јавната објава, треба да се достават до Општината најдоцна до 14.04.2011 година во 12 часот.












