Американскиот Национален центар за урагани објави дека тропската олуја Харви, спротивно на сите очекувања, се враќа кон Мексиканскиот залив. Како што се наведува, Харви се враќа откако тргна да се движи кон внатрешноста, каде стигна во петокот вечерта. Во препораката на Центарот се наведува дека поплавите продолжуваат во Хјустон и во поширокиот регион на јужен Тексас.
Харви има ветришта со максимална брзина од 64 километри на час, а Центарот наведува дека тие можат да се засилат додека се приближува кон брегот.
Метеоролозите прогнизираат дополнителни 64 сантиметри дожд, а Центарот тврди дека сега закана преставуваат торнадата и олуите кои од внатрешноста се движат кон брегот.












