Во пресрет на Денот на сесловенските просветители браќата Св .Кирил и Методиј денес во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи Омаж посветен на животот и творештвото на покојниот професор по македонски јазик и писател Коста Фортомар од Охрид.

На настанот за значењето на сесловенските просветители Кирил и Методиј и за писателот Фортомар ќе зборува директорот на библиотеката Милчо Јованоски.

Извадоци од неговите дела ќе читаат ученици од Гимназијата „Св. Климент Охридски“ под менторство на професорката Светлана Голабоска, како и внуците на писателот: Тамара Фортомароска, Софија и Виктор Милевски.

Обраќање на настанот ќе има и неговата ќерка д-р Благовесна Фортомароска – Милевска.

Омажот ќе се одржи во Прличевата одаја од 11 часот.

OhridNews