Духовните светилишта, џамиите и црквите се богатство на народите и културите во верата кон Бога и грев е нивно сквернавење без никакво оправдување и поради никакви мотиви, наведуваат од Сојузот на Македонци со исламска религија. Апелира до политичките партии да излезат од канцелариите на верските објекти и својата доверба да ја вреднуваат меѓу народот со успеси и позитивни резултати, а не да го мерат својот рејтинг по големината на шовинизмот и верскиот фанатизам што го поттикнуваат.
Од надлежните органи бараат најбрзо расчистување на случаите и пронаоѓање и најстрого казнување на сторителите како поука за други.
Со осуда за последните настани во струшко и Сојузот на турски невладини организации во Македонија-МАТУСИТЕБ.
– Секој чекор кој води кон омаловажување и обезвреднување на националните и верските чувства мора да биде осуден. Апелираме во иднина да се прекинат насилствата кои водат до национална и верска нетрпеливост. Во земја како што е Република Македонија, каде се гради мултиетничко и мултиконфесионално општество, меѓуетничките и меѓуверските односи се од клучна важност за стабилноста, развојот и проспоритетот на државата и секој ваков немил настан го попречува тоа, се наведува од страна на МАТУСИТЕБ .