Основното музичко училиште „Методи Патче“ доби своја веб страница! Страницата е изработена од учениците кои ја посетуваат втората години (Advanced) нивото на IThink академијата за дизајн, програмирање, роботика и веб дизајн заедно со нивниот тренер Буриќ Бојан, како дел од практична едукација и работа на реален проект.

На страницата се работеше неколку месеци и самите ученици го поминаа целиот процес на изработка – од идеја, планирање, дизајн до целосно изработена страна. На неа може да се најдат информации за училиштето, активностите и настаните. Овој проект е доказ дека и најмладите ученици успешно можат да комбинираат креативност, дизајн, технологија и тимска работа. Посетете ја и погледнете што создадоа!, велат од IThink академијата.

Веб страницата е достапна на линкот.

OhridNews