На 49-от  Државен натпревар  за ученици и студенти по музика што се одржа од 07-09 април во Скопје, учениците од ОМУ „Методи Патче“ освоија  специјална награда,  7 први,  4- втори и 3 трети  награди во дисциплините солфеж и камерна музика.

Прва специјална награда добија Даниел Мојсоски -виолина и Никола Каневче-гитара во класа на професорите Елица Џуклеска и Александар Крстаноски.

Први награди во категоријата солфеж во класа на професорите Лилјана  и Петар Булоски  добија учениците Поликсена Тунтева, Ангел Дулески, Катерина Маркоска, Ангел  Трајкоски, Емилија Наумоска, Анастасија  Андрееска и Изабела  Димоска.

Втори награди во дисциплината камерна музика во класа на професорите Мухамед Бајрам, Христина Пецаковска Николеска, Александар Крстаноски  и Оливера Петкоска освоија учениците Иван Георгиески и Петар Милески -виолина како и флејтистките Кристина Љушкоска, Анастасија Кипаризоска, Софија Паскали, Изабела Димоска и Тизба Салих и гитаристите Марко Лазороски и Дејан Милески.

Трета награда во класа на професорите Александар Крстаноски, Нина Момировска,  Наумче Џуклески и Христина Пецаковска Николеска, за камерна музика  освоија учениците: Александар Лолески -флејта, Дејан Милески-гитара,Филип Гаврилоски и Томислав Нестороски-хармоника, Петар Милески-виолина.

OhridNews