Извесна Национална ослободителна армијаа (ОНА) ја презеде одговорноста за нападот врз зградата на Владата што се случи на 28 октомври. Ова го пишува во коминикето испратено до националната телевизија Алсат-М, пренесе „Вест“.

Во дописот потпишан од извесен Куштрим, се вели дека ОНА не е задоволна од досега реализираното според Охридскиот рамковен договор и дека Албанците во Македонија се обесправени.

-Времето на нападот е избрано за да се избегнат човечки жртви-е напишано меѓу другото во соопштението.

Во врска со дописот вчера побаравме информација и од МВР. Од таму велат дека преземаат интензивни мерки и активности во координација со јавното обвинителство и дека работтат на прибирање на докази и откривање на сторителите и нивно изведување пред лицето на правдата
Од ЈО информираат дека не добиле никаков допис од т.н. ОНА, но велат дека секој допис или нов факт ќе биде разгледан од надлежниот јавен обвинител и дека засега сеуште немаа осомничено лице.

Нападот на владата се случи на 28 октомври кога околу 22 часот во зградата завршија два проектила од поголем калибар. Едниот од проектилите беше најден во покривот а другиот во погорните катови на зградата. За серќа беше причинета само материјална шетата.
Полицијата во кординација со обвинителството изврши детален увид во зградата. Пронајдени беа остатоци од испуканите пректили кои беа дадени на вештачење.

Детали во интерес на истрагата ни полицијата ниту пак обвинителството не соопштуваат.

OhridNews

Извор: „Вест“