Телекомуникацискиот оператор ОНЕ одлучи
да ги намали цените за дигитално емитување на програмските сервиси, како
за националните, така и за регионалните телевизии, јвува „Макфакс“.

„Намалувањето на цената, што ќе значи и оптимизација на техничките
услови, е во бараниот процент, односно 36% од иницијалниот износ, во
случај на плаќање на годишна основа.

Со ова намалување, цената за националните телевизии ќе изнесува 99.840
илјади евра, односно 13.056 илајди евра за регионалните телевизии“,
информираат од ОНЕ.

Од компанијата појаснуваат дека согласно со тендерот, ОНЕ до надлежните
институции веќе поднесе барање за измени на договорот и прилозите кон
истиот со што овие промени би стапиле во сила.

„ОНЕ одлучи да ја намали цената препознавајќи ја важноста на проектот
дигитализација кој е од национален интерес и очекува дека овој чекор ќе
ги охрабри телевизиите да се приклучат кон процесот, а сето тоа во
интерес на граѓаните на Македонија“, се вели во соопштението од ОНЕ.

Понатаму се додава дека ОНЕ е технички подготвен за претстојната
дигитализација и комплетно ги почитува обврските согласно тендерот на
кој беше избран да ја спроведе дигитализацијата на телевизискиот сигнал,
а која, пак, е меѓународна обврска што Македонија мора да ја заврши
според Женевскиот договор од 2006 година.

Придобивките од дигитализацијата за граѓаните се: постојан квалитет на
сигналот, избор на повеќе програми, можност за мобилен и преносен начин
на прием и мали можности за рефлексија при репродукција.

OhridNews
извор:„Макфакс“