
– Неа ќе ја изведуваат професори од Македонија во мултимедијална училница во која со учениците ќе имаат аудио и видеоконтакт, според најсовремените информатички технологии за онлајн настава во светот, информира Митко Јованов, основач и раководител на „Учи македонски -онлајн”.
Наставата ќе се изведува еднаш неделно во текот на учебната година во термини погодни за учениците и според официјалните наставни програми на Република Македонија. Секоја паралелка ќе има најмногу до 10 ученици. Учењето на македонскиот јазик е поделено во три степени – почетен, среден и напреден, а секој степен содржи 35 часа.
За учениците кои сакаат да имаат диплома за познавање на македонскиот јазик, „Учи македонски-онлајн“ ќе им организира полагање испит пред комисија со претставници од надлежните научнообразовни институции во Македонија.












