Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебрца е заложбата која Црвен крст Охрид ја спроведува континуирано, посветено и совесно, вели претседателот на Црвен крст Охрид Сашо Точко по повод 17 март, Денот на крводарителството во РС Македонија, воедно честитајќи им го овој ден на крводарителите изразувајќи и благодарност и почит кон сите крводарители, поединци, фирми, институции кои го помогнале развојот, унапредувањето и омасовувањето на крводарителството во Охрид и Дебрца.
Како резултат на постојаната ангажираност на активистите на Црвен крст и службите за трансфузиологија во текот на цела година, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти за пациентите во здравствените установи во нашиот град. Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв придонесе да бидат спасени многу човечки животи, вели Точко.

OhridNews












