Како што информираат од ОО на СДСМ, предметите и документите деновиве се преместуваат во новите простории, со цел објектот да му се преотстапи на новиот сопственик, охридското градежно претпријатие „Ремис“.
Куќата на самиот кеј на Охридското езеро, во кое изминатите години функционираше седиштето на општинската СДСМ, со денационализација им беше вратена на сопственици кои живеат во Белград, по што тие куќата ја продадоја на ГП „Ремис“.
Кога ќе отпочнат новите градежни работи врз објектот зависи од одлуката на новиот сопственик.
Според информациите од локалната самоуправа, согласно постоечкиот детален урбанистички план, на оваа локација предвидена е изградба на објект П+2 и поткровје.