Вчеррашната прес конференција и отчет на Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски е само празно набројување, бидејќи не даде одговор зошто ги нема приоритетните проекти, кои беа ветени во неговата изборна програма, а не успеа да ги исполни, велат од општинската организација на СДСМ.

„Во Отчетот не видовме каде е ветената индустриска зона во Мешеишта, во која за почетокот на 2015 година требаше да пристигнат првите инвеститори, го нема рудникот за манган Стогово. во кој нели требаше да се реализираат 200 вработувања, ги нема винариите во Мешеишта, ја нема турската инвестиција во фабрика за моторни масла, го нема Слатинското Езеро и распукнатата брана, а кое требаше да прерасне во туристичка атракција за рурален туризам, ги нема ветените откупно дистрибутивни центри за земјоделски производи, го нема домот за стари лица во Сливовски Анови и многу други, ветени, а неисполнети проекти.“ – Сстои во соопштението на СДСМ.

Партијата критикува дека Градоначалникот и советничката група на ВМРО ДПМНЕ успеала во еколошки најчистата општина, покрај реката Сатеска да се дозволи изградба на бетонска и асфалтна база, а општината да ја претвори во најзатворена и заробена институција, во која граѓаните имаа отежнат пристап до општинските услуги. Бара одговор колку е задолжена општината и најавуваат дека по локалните избори во мај во Дебрца доаѓа живот.

OhridNews