Aктивностите кои сега се реализираат во училиштата „Христо Узунов”, „Св. Климент Охридски” и во истурената паралелка во Лескајца се дел од проектите за енергетска ефикасност со кои преку Министетството за финансии се аплицираше за кредит од Светска. Беше аплицирано и во Јапонската амбасада од каде се добиени еден милион евра за реконструкција на овие три училишта, реагираат од ОО СДСМ Охрид.
Зафатите во средното економско училиште, се прават со средства кои останаа од блок дотациите за средно образование. За училиштето „Св. Наум Охридски” добиени се средства за реконструкција преку МОН. Проектот за реконструкција на внатрешноста и кровот на охридската гимназија беше целосно завршен во времето на градоначалникот Георгиески. Се чекаше само согласност од Завод и музеј. Сега на Пецаков му останува само да ја пресечи лентата и да се пофали со нешто што не го сработил, велат во соопштението.
Да биде иронијата поголема и Законот за задолжување кај Светска банка за унапредување на основните училишта и Законот зазадолжување кај Светска банка за енергетска ефикасност на општинските институции и училиштата, Пецаков како пратеник и целата опозиција не ги гласаа, а сега ги жнеат нивните плодови, додаваат во соопштението од ОО СДСМ Охрид.
Министерството за образование оваа година за 2% ги зголеми блок дотациите за основно и средно образование, а изградбата и реконструкцијата на училиштата е финансирана од буџетот на МОН. За 2022год. зголемени се средствата за следните потпрограми: Изградба на училишни спортски сали во основните училишта, со вкупен износ од 399 милиони денари, што е за 8,4% повеќе од минатата година. Реконструкција на основните училишта, со износ од 260 милиони денари или тоа е зголемување од 197,5%. Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските и ученички домови во износ од 257 милиони денари што значи зголемување од 135,8% и Реконструкција на средните училишта, во износ од 124 милиони денари, или тоа е зголемување за 467,5%, велат во сооштението.
Се прашуваме до кога градоначалникот Пецаков ќе си ги препишува како свои туѓите заслуги и каде се неговите проекти кои им ги ветуваше на охриѓани?- се додава во соопштението од ОО СДСМ Охрид.
OhridNews












