Луѓето кои со години, под притисоци и закани за отказ, носеа партиски војници по митинзи, протести и контрапротести, не можат да зборуваат за партизација на секоја клетка во нашето општество, реагира ОО СДСМ Охрид на обвинувањата изнесени од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

-Од ВМРО ДПМНЕ се чини сметаат дека граѓаните ги преспале изминатите десет години, години во кои ја цицаа крвта и достоинството на секој човек, просветар, правник, архитект, уметник. Од ВМРО ДПМНЕ се чини сметаат дека сите овие луѓе и многу други, не гледаа во немоќ додека партиски војници ги добиваа работните позиции за кои тие се учеле и образовале. Граѓаните добро знаат и никогаш нема да заборават како адвокати стануваа министри за здравство, а потоа и образование, за тоа какви луѓе ја водеа културата, внатрешните работи. Срамота е од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид да зборуваат за чистки и политичка одмазда кога нивниот довчерашен градоначалник, политички неподобните општински административци, ги испраќаше под казна во Косел, во простории и услови под секакво човечко достоинство. Срамота е и да се игра со колективната меморија на охриѓани и да се навредува интелегенцијата на сопствениот народ. – се вели во реакцијата.

Наместо реваншизам, оваа Влада и оваа локална самоуправа покажаа и покажуваат дека секој оној кој сака да работи, ќе биде ставен во функција, пред се и над се, во корист на граѓаните, додаваат од СДСМ.

OhridNews