По иницијатива и со идеја на Советот на родители при ООУ “Григор Прличев” – Охрид во соработка со директорот, стручната служба, наставничкиот кадар, Ученичкиот парламент и родителите беше реализиран проектот Реткоста инспирира за ПЕТКА ВО БОЈА.
Во текот на дводневниот хепенинг, со многу љубов, креативност и оригиналност нашите ученици, наставници и родители покажаа дека човечкото срце чука исто кај секого и дека секогаш е утешно кога знаеш дека некој те разбира. Нашето училиште – шарена сликовница од убави зборови и креации. Детските волшебни прсти обоија РЕТКИ срца. Од родителите на #ПРЛИЧЕВЦИ, петка во боја за ретките борци, велат од училиштето.
Учениците, родителите, наставници- заедно кон иста цел: грижливост и еднаквост!.
OhridNews















